Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Трета генерација на Audi A6 Allroad
12.01.2012

Audi ги открива првите фотографии и првите детали за новата генерација на сестраниот комби од гамата на А6. Погодувате станува збор за А6 Allroad кој е помоќен и поголем од претходникот.

audi-a6-allroad-1-2012-1

Ова важи и за актуелниот А6 Avant. Имено заради потребите да совладува терен A6 Allroad е поставен 6 сантиметри повисоко и подолг е за 2 сантиметри од A6 Avant заради масивната пластична заштита оплеменета со елементи од не`рѓосувачки челик .

Во должина мери 4,94 метри, широк е 1,9 метри, висок е 1,47 метри и има меѓуоскино растојание од 2,91 метри. Иако е поголем и од својот претходник новиот А6 Allroad е полесен за 70 килограми благодарение на обилното користење на алуминиум.

Во кабината A6 Allroad нуди подеднакво простор како и A6 Avant. Багажникот има две нивоа, а системот за обезбедување на багажот доаѓа сериски. Волуменот од основните 565 литри со соборување на задната клупа расте до масивни 1.680 литри.

audi-a6-allroad-2-2012-1

Audi A6 Allroad користи адаптибилна воздушна суспензија која е дел од стандардната опрема и таа е задолжена да го крене кросоверот за 35 mm кога се вози на терен, или да го приближи до асфлатот за 15 mm кога се вози на пат со висока брзина.

При многу споро возење на терен кога на пример се совладуваат пречки возачот може да го подигне А6 Allroad за дополнителни 10 mm и сето тоа со пристискање на копче во кабината.

Под хауба работат два мотори турбо бензинец и турбо дизел. И двата се познати. Бензинецот 3.0 TFSI V6 остварува 310 КС и 440 Nm доволно за спринт до 100 km/h за 5,9 секунди и максимални електронски ограничени 250 km/h.

audi-a6-allroad-5-2012-1

Дизелот 3.0 TDI V6 се нуди во три изведби со 204 КС и 450 Nm, 245 КС и 580 Nm, и 313 КС и 650 Nm. Најмоќната изведба има перформанси подобри од бензинецот. Спринтот до 100 km/h е покус за 0,3 секунди.

Комерцијализацијата се очекува на пролет со ценовен старт од 54.600 евра за најслабата дизелска варијанта со 204 КС.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook