Get Adobe Flash player
Трета генерација на Renault Laguna
04.06.2007
14263_bd_ren2007newlagunaСредната класа на Renault стартува по трет пат. Премиерата на Laguna е најавена за наесен, на Салонот во Франкфурт, а продажбата почнува во октомври. Со квалитетот француската комбилимузина сака да им се приближи на премиум марките.



И во најновото издание Renault и останува верен на досегашната линија на Laguna и ја нуди како комбилимузина и комби. Французите сметаат дека за класична лимузина нема место.

Предните светла во форма на Л навлегуваат во крилата, а хромираните лајсни на прозорците и даваат префинетост на Laguna. Верзиите со посилните мотори добиваат и хромирана двојна издувна цевка. Светлата одзади се изведени со LED.

И покрај тоа што цврстината на каросеријата е зголемена за 15 проценти, тежината на возилото во просек е пониска за 15 килограми во споредба со претходничката. Кај моторите на располагање ќе бидат два дизела и два бензинца. Најмал дизел ќе биде 1.5 dCi со 110 КС, а дволитарецот ќе се нуди со 130, 150 и 175 КС. Бензинците се дволитарски, едниот со 145 КС, другиот со турбонатполнење и 170 КС. Сите мотори може да се комбинираат со шестстепен менувач, кој кај дизелот со 150 и бензинецот со 170 КС се автоматизирани. Покрај тоа, целата понуда на мотори ја задоволува нормата Euro 5.

Понудата е многу поголема во поглед на безбедноста на патниците. Сериски се челни и двојни странични воздушни перници, исто како и електронска програма за стабилност. Се добива уште електрична паркирна сопирачка, а во комбито и задна клупа што се соборува по пат на електрика. По тоа се препознава дека Французите ја ориентираат Laguna во правец на моделите од премиум понудата во сегментот, односно кон Audi A4, серијата 3 на BMW и класата С на Mercedes. Материјалите се избрани да се добие чувство за квалитет при допир, кокпитот е завртен кон возачот. За чувството на луксуз ќе се погрижат алкантара, дрво, кожа и полиран алуминиум во кокпитот.

 

 

 

Facebook