|
08.12.2007 |
Audi се стреми да го подобри и онака импресивниот тркач,
купето ТТ со три нови верзии во следните неколку години. Два
високоперформансни модели и сосем неочекувано, дизел.
Првиот автомобил од новата линија ќе биде TT-S кој ќе
биде претставен на салоното во Женева во март 2008. TT-S ќе го носи
четири цилиндричниот 2.0 литарец со турбо кој веќе врти во S3, а за
новото работно место ќе нуди малку повеќе снага која се заокружува на 270
коњски сили. Вртежниот момент ќе биде некаде околу 350 Nm.
TT-S во однос на обичниот ТТ ќе се разликува по посебниот
преден браник и четирите издувни цевки одзади.
Една годин подоцна на пазарот ќе се појави дизел верзија
која аналогно на останатите модели од програмата би требало да го носи името TT
TDI. Новиот дизел кој на големо се тестира од скромните 2.0 литри зафатнина ќе
истискува 200 коњски сили и максимален вртежен момент од 406 Nm.
И последната верзија ќе биде високоперформансен тркач кој
ќе се перчи со наставката RS. Според доверлив извор внатре во Audi, RS ќе го
движи 2.3 литарски VR5 со турбо полнач и максимални 308 КС. Името на
автомобилот сепак нема да гласи TT-RS туку само TT-R.
Истиот мотор најверојанто ќе се користи и во останатите
модели на Audi.
|