На престижниот автомобилски салон во Женева Skoda ќе го
претстави својот прв кросовер Yeti, крај него еколошка верзија на Octavia,
GreenLine и Fabia Scout.
Концептот на Skoda Yeti беше представен
уште пред четири години и покрај неколкуте шпијунски фотографии на возилото
сокриено под масивна камуфлажа и фотогрфиите од концептот тоа е се што се знае
за моделот.
Сеуште нема официјална снимка од сериската верзија на
кросоверот на Skoda. Единствено што се знае е дека Skoda Yeti ќе биде
поставена на платформата на Volkswagen Tiguan што значи дека ќе
ги носи истите мотори, менувачи и погонот на четири тркала.
Дизајнерски Yeti ќе ги следи
насоките на останатите модели од гамата на Skoda, и се
претпоставува дека во голема мерка ќе наликува на претставениот концепт.
Производството на моделот ќе стартува уште годинава во
фабриката на Skoda во Квасини, Чешка. Комерцијализацијата е планирана за
втората половина на 2009.
Покрај Yeti за кого не се знае скоро ништо, Skoda во Женева ќе
ја претстави Octavia GreenLine задвижувана од 1.6
литарски турбо дизел со моќност од 105 коњски сили и максимален вртежн момент
од 205 Nm.
Производителот наведува дека Octavia
GreenLine во просек троши 4,4 L дизел на 100 km и дека има
емисија на СО2 од 116 g/km.
Третиот модел со кого Skoda ќе се
гордее во Женева е Fabia Scout. Каросеријата на моделот носи
карактеристики на теренец, но сепак автомобилот го задржува погонот на предни
тркала како и останатите модели на Skoda од серијата Scout.
Fabia Scout ќе има поголем клиренс, нагласени заштитни
пластики и леснометални бандажи од 17 и 18 инчи. Продажбата на Fabia
Scout исто и на Octavia GreenLine стартува годинава.
|