За да го покаже напредокот во дизајнот и конструирањето Hyundai извади три концепти на салонот во Сеул. Триото го предводи Veloster, спортско купе според барањата на генерацијата Y.
На концептот му се придружуваат два сериски модела: ванот TQ, од корен нов наследник на познатиот H-1, и комбито FD, нацртано во центар за дизајн на Hyundai во Риселсхајм, Германија.
Се наѕира наследникот на Coupe
Купето Veloster или HND-3 е трета машина од серијата концепти со смели линии развиени во централното студио за дизајн во Намјанг. Името Veloster е добиено од velocity (брзина) и roadster би требало да стави нагласок на спортските карактеристики на купето. Панорамскиот стаклен покрив и неколкуте футуристички детаљи оддаваат впечаток на хај-тек.
„Со Veloster сакавме нешто сосема поинакво. Свесни сме дека ни се потребни од радикално нови производи за генерацијата Y, односно млади на возраст од дваесетина години што прв пат купуваат автомобил”, изјави на салонот Ох Сук-Геун, втор шеф за дизајн на Hyundai, и покажа колку е горд на концептот, „Ова е навистина храбар потег”.
| Hyundai Veloster / HND-3 |
Димензии (милиметри)
|
4100 / 1790 / 1450 |
Гуми
|
245/35 R20
|
Мотор
|
2.0 dohc Theta
|
Hаследник на големиот H-1
Со поддотерани линии, новиот H-1 треба во се да е подобар од претходникот. Повеќе простор, комфор и функционалност, за полесно да се држи чекор со силната конкуренција. Ќе го има во патничка и доставна изведба, со осум или дури 12 седишта во првата и две до шест седишта во втората изведба.
Сите пазари надвор од Кореја и ЕУ ќе го имаат 2,5-литарскиот турбодизел (4D56) со интеркулер, според Euro III. Овој постигнува 100 КС и троши 10,6 литри. За ЕУ и Кореја, новиот H-1 добива 2.5 CRDi мотор според Euro IV, со турбополнач со променлива геометрија, 170 КС и речиси 400 њутнметри. Таму каде што се бара бензинец ќе го има 2,4-литарскиот Theta со 170 КС, добар за 185 километри на час и расположен за 14 литри на 100 километри.
Главна карактеристика однадвор се двојните лизгачки врати отстрана, двојната задна врата со странично отворање и бандажите сега со пречник од 16 инчи. Внатре се забележува дека менувачот е преместен на средишната конзола.
Сопирачките дискови се зголемени на 16 инчи, а за подобрена управливост предната суспензија е мекферсон. Производството на дизелот почнува во август 2007, а на бензинецот во ноември.
FD Estate Wagon
По претставувањето на комбилимузината i30 во Женева, Hyundai ја
проширува фамилијата со FD и со тоа по подолго време се враќа во
сегментот на комби изведби кои се уште се барани во Европа. Исто како
комбилимузината, FD е нацртан во центарот во Риселсхајм, Германија
FD Estate wagon (+ во споредба со i30)
|
| Димензии (во милиметри)
|
4475 (+230) / 1775 / 1530 (+50) |
| Меѓуоскино растојание |
2700 (+90) |
| Мотори |
1.6 dohc Gamma
1.6 U CRDi со пром. геометрија
на турбополначот |
|