|
27.03.2007 |
За подобро да го најави на пазарот
својот нов кросовер, Nissan го заживува Quashqai Urban Challenge. Тоа ќе биде првиот паневропски шампионат во фрирајд со маунтинбајкови.
Најдобрите спортисти ќе се натпреваруваат во пет европски метрополи во пет
викенди во мај и април. Имаат и зошто да го прават тоа: фонд за награди од
200.000 евра, највисок досега во овој спорт.
Во секој град ќе се вози различна
дисциплина, во зависност од теренската конфигурација на градот. Quashqai
Urban Challenge ќе се одржува во Њукасл (Британија),
Милано (Италија), Мадрид (Шпанија), Келн (Германија) и Париз (Франција).
Натпреварите ќе бидат пренесувани во живо на позначајните сателитски канали.
Информациите за учесниците, местата, дисциплините, календарот и актуелните
вести може да се прочитаат на www.nissan-quashqaichallenge.com.
|