|
Иако Saab пред само неколку дена објави банкрот и на улица испрати 3.500 работници и зад себе остави долгови кон голем број на фирми кооперанти се чини дека неговиот крај и не е така близу.

Кога се падна во вода за сопственикот на Saab, Виктор Мулер, и покрај неговиот надчовечки ангажман за да го спаси шеведскиот производител, работите добија поинаков тек.
Имено државата Турција јави интерес за да го купи Saab и да ги плати неговите долгови со што компанијата би се спасила, велат медиумите во Шведска кои будно ги следат настаните врзани со Saab.
Според нив дипломати од турската амбасада во Шведска веќе контактирале со шведското министерство за индустрија и се распрашувале под кои се услови може да биде купен Saab.
Турција сеуште молчи околу настанот, но извршниот директор на Европската асоцијација на автомобилски доставувачи, Ларст Холмквист, соопштува дека Турција сериозно се интересира за Saab.
„Турција како држава сака да има сопствена марка на автомобили и затоа има намера да го купи Saab,” изјавил Холмквист пред медиумите во Шведска.
Приказната за Saab станува се поинтересна, а каков ќе биде исходот останува на времето да покаже.
|