Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тужба против Civic
10.07.2007
civic-hybridГоспод да ги благослови Американците и нивната ненаситна зависност од потребата за тужење. Во последната рунда на „Хм... кого да го тужам денес?” ќе настрада Honda.

Еден калифорниец тргна да ја тужи Honda поради потрошувачката на нејзиниот Civic Hybrid.

Honda дава податоци дека просечната потрошувачка на нејзиниот хибрид според американски норми изнесува 50 милји со галон што е еквивалент на 4,7 литри на 100 километри.

Но, Џон Тру тврди дека неговиот хибрид поминувал просечно 32 милји со галон, односно просечно трошел 7,3 литри на 100 километри во првите 6.000 милји или 9.660 километри.

Неговата тужба е прва од овој вид против еден хибрид, односно неговата потрошувачка, а Honda немаше среќа бидејќи токму нејзе ја погоди еден ваков инцидент.

Гласноговорникот на Honda America истакна дека бројките за потрошувачката на Civic се добиени од EPAEnvironmental Protection Agency или Агенција за заштита на животната средина – која ги проверува и потврдува вредностите за потрошувачката, а не од Honda.

Начинот на кој тестира EPA не е унапреден две децении, но сепак, обезбедува репер според кој може да се споредува.

Американскиот инженер Френк Ендру кој го раскрчи патот за хибриди во САД уверува дека потрошувачката кај хибридите е многу поосетлива на начинот на возење отколку конвенционалните автомобили.

Според Ендру доколку имате тешка десна нога ниту хибрид нема да ви помогне да га намалите сметките за гориво.

Ваквото тврдење чуди бидејќи се спротивставува на целта на постоење на хибридот кој троши малку токму поради помош од електромоторот кога од конвенционалниот мотор се бара повеќе. Така тој не се напрега и поради тоа троши помалку.

Како и да е ќе ве информираме кој ќе победи во оваа војна со хибрид.

Најверојатно адвокатите.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook