|
Сопственикот на TVR, рускиот олигарх Николај Смоленски се подготвува да го рестартира производството и од корен да ја смени политиката на британската компанија и од неа да направи глобален бренд.

За таа цел Смоленски планира да ги скрати трошоците за развој со едноставно купување на компоненти. Прва изворна компонента на TVR која ќе настарда во преродбата е линискиот шест цилиндричен мотор Speed Six.
Очигледно Смоленски останува на чело на компанијата како единствен сопственик. Иако по превирањата околу сопственоста на компанијата во 2007 и 2008 се најавуваше дека Смоленски го продал на TVR на американците Адам Бурде и Жан Мишел Сантакро.
Планот на Смоленски е под хаубата на идните модели на TVR да работи моќен V8 од американско производство. Сеуште не се знае дали моторот ќе потекнува од Ford, или пак, од Chevrolet.
Одлуката за американски мотор доаѓа заради прифатливите цени на компаниите од онаа страна на Атлантикот, но и заради полесната и поевтина хомологација за пазарот во САД за каде Смоленски планира голема експанзија.
Очигледно е дека Смоленски е свесен дека не присуството на најголемиот и најзначајниот пазар на светот е голем удар за TVR. Секако покрај пазарот во САД, плановите се TVR агресивно да настапи и на пазарите на Блискиот и Средниот Исток и на пазарите во Азија, пред се Кина, Кореа и Јапонија, но и во Австралија.
Секако во сета оваа трка за старт на глобалниот настап TVR нема да ги загуби своите традиционални вредности. Лесната градба, агресивниот и уникатен стајлинг, две места за седење, погон назад, моќност од околу 500 КС остануваат како карактеристики кои треба да ги освојат купувачите на глобалното село.
Подигнувањето на квалитетот на изработка како еден од најголемите проблеми на TVR поради кој и тврдокорните љубители на марката се откажаа од неа и смалувањето на трошоците ќе го испрати TVR на склопување во Германија каде Смоленски планира да го рестартира производството.
Кога новиот TVR ќе стартува со производство и дали обновениот Sagaris е основата за идните модели на британската марка не се знае. Но, гласините велат дека првиот нов TVR ќе биде претставен во јули на фестивалот на брзината Goodwood.
|