|
Mercedes ја готви новата генерација на своето најголемо купе. Моделот кого го препознаваме под името CL наскоро ќе добие свој наследник кој добива ново име и најверојатно ќе се нарекува S Класа Coupe.

Ловците на автомобили успеале да го уловат новото купе на Mercedes некаде во Скандинавија за време на зимските тестови. Автомобилот сокриен под камуфлажа на тестот вози паралелно со актуелниот модел.
Измените на моделот не се суштински туку од козметичка природа. На фотографиите може да се забележи дека светлата напред добиваат LED за возење дење, а светлечки диоди добиваат и светлата одзади.
Паѓа во очи и редизајнираниот преден браник и маската која има помалку хоризонтални лајсни во споредба со актуелниот модел. Паралелно со измените во дизајнот луксузното купе на Mercedes ќе добие и ново име.
Во склад со новата политика на именување на своите автомобили производителот од Штудгарт новиот модел место CL ќе го прекрсти во S Класа Coupe. Примерите се познати и од помалата Е Класа каде купето и кабриолетот ги добија имињата E Класа Coupe и Е Класа Cabrio.
Што се однесува до механиката и моторната понуда измените ќе бидат во насока на фино дотерување на подвозјето и на моторите кои би требало да истискуваат малку повеќе коњски сили и вртежен момент, а воедно ќе трошат помалку.
Не е јасно дали дизајнерите замислиле и други визуелни измени за купето, но очигледно и за нив има време бидејќи се очекува S Класа Coupe да биде претставен на салонот во Париз идната година.
|