|
BMW се наоѓа во процес на смена на генерациите. После Серија 7, Серија 5 на ред доаѓа и Серија 3 со сите нејзини варијанти седан, комби, купе, кабриолет, a тука спаѓа и новата генерација на X3.

BMW X3 всушност ќе биде првото возило поставено на ново развиената платформа основа за цела лепеза модели од новата генерација на Серија 3. Плановите на BMW се Х3 да го претстават годинава на салонот во Париз.
Токму затоа голем број на тестни мулиња, односно готови прототипи можат да се забележат на патиштата во околина на централата на BMW во Минхен. Уловените фотографии јасно го откриваат дизајнот на автомобилот кој е сокриен со многу малку камуфлажа.
Се чини дека новата генерација на Х3 е значително поголема од актуелниот модел. Ова пред се се однесува на должината и висината. Причината зошто новиот Х3 толку го надраснал претходникот лежи во моделот Х1. Во BMW морале јасно да ги отцртаат границите за да не дојде до преклопување меѓу нив.
Заради тоа изворите блиски на BMW истакнуваат дека меѓуоскиното растојание е развлечено на 2.900 mm што ослободува многу простор во кабината пред се за патниците на задната клупа.
Заедно со претсавувањето на новата генерација на Х3, BMW го сели и производството на моделот. Актулениот Х3 се произведува во погоните на Мagna Steyr во Австрија.
Новиот Х3 чие производство стартува во 2011 ќе се склопува во погоните на BMW во Спартанбург, САД каде што сега се произведуваат поголемите Х5 и Х6.
Останатите верзии на Серија 3 ќе бидат претставени дури следната година на салонот во Франкфурт, а нивната комерцијализација ќе почне во 2012. Истата година најверојатно во Женева ќе биде претставена и GT изведба на Серија 3.
Моделот 3 GT како и неговиот постар брат 5 GT нема да биде замена за комби верзијата на Серија 3 туку дополнување и проширување на гамата. Во 2012 се очекува и М верзијата на Серија 3 која атмосферскиот V8 ќе го замени со шест цилиндричен битурбо.
|