|
Агресивно, впечатливо, полно адреналин се епитети кои слободно можат да и се залепат на новата Astra Sport Coupe за која се наведуваше дека ќе има дизајн што ќе биде надвор од овој свет.

Се чини дека најавите на шефот на дизајн на Opel не беа само празно фалење. Новиот член на семејството на Astra со три врати навистина ќе биде автомобил со вонземски дизајн. Тоа го дакажуваат следните фотографии.
Очигледно е дека Astra Sport Coupe значително ќе се разликува од својот петвратен брат близнак. Иако предните светла имаат ист облик се наведува дека ќе носат нова оптика со светлечки диоди за возење дење заради што се покриени со темна пластика.
Нов дизајн ќе носат и задните светла на чие место сега стои безлична црна пластика со цилиндрични испусти. Агресивниот преден браник има поголем отвор за довод на ладен воздух, а наводно задниот би требало да има интегриран дифузор.
Од напред се забележува и огромното предно стакло кое преминува во кровот и нуди задоволство на погледот како едно панорамско стакло. Одзади кровот завршува во интегриран спојлер кој го покрива накосеното задно стакло.
Евидентно е и острото прекршување на задното крило во висина на појасот кое започнува од кваката на вратата и завршува кај задните светла.
Astra Sport Coupe ќе биде трет член во семејството на новата Astra. Пред него треба да биде претставена комби верзијата Sports Tourer најверојатно на почетокот на летото.
Во живо светот ќе може да ја види Astra Sports Coupe на есен на премиерата која е закажана за салонот во Париз.
|