Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Уловена сериската Ampera
26.05.2010

Opel Ampera се наоѓа пред сериско производзство. Иако најавивме дека првите пред сериски модели се произведени и дека заминуваат на опсежни тестирања очигледно работите се движат побрзо.

opel-ampera-2010-1

Plug-in хибридот на Opel ја покажа муцката на сериската верзија која ќе понуди нов преден и заден браник и со дизајнот ќе биде прилагодена кон европските купувачи за разлика од нејзиниот американски и австралиски брат, односно, Chevrolet и Holden Volt.

Испорачувачот на фотографиите на уловената Ampera дополнува дека и внатре автомобилот нуди футуристички дизајн со цел сопственикот да се почувствува дека се вози во нешто посебно.

Наводно централната конзола е обоена во црвена боја со метален ефект, не во црна како концептот, што само по себе и дава спортски призвук на Ampera. Останатиот дел од внатрешноста исто така е нагласен со црвени акценти, а пред возачот се протегаат два информациски LCD дисплеи од кои еден е touch-screen.

Останатото се знае: движечката сила е електромотор со моќност од 150 КС и 370 Nm вртежен момент, а батериите се литиум-јонски со капацитет од 16 kWh. Само на електрика Ampera вози 60 km, а со помош на бензинецот од 1.4 литри во улога на генератор со едно полнење на резервоарот минува 500 km.

Информациите кои пристигнуваат од инсајдери на GM велат дека проектот напредува толку добро што уверува дека датумот на пласирање на пазарот може да биде поместен и место кон средина на 2011 тоа да се случи со стартот на новата година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook