Get Adobe Flash player
Уште два нови модели од Abarth
28.06.2010

Abarth подготвува две нови верзии на постоечките модели кои според најавите од компанијата ќе бидат уште поотровни и за сосптвениците ќе нудат уште поголема доза на задоволство зад волан.

punto-evo-abarth-2010-1

Станува збор за најмоќната верзија на Punto Evo Abarth која ќе ја носи познатата наставка во името Esseesse и под хаубата ќе пакува преку 180 КС или дваесетина коњски сили повеќе од обичниот Punto Evo Abarth кој има 163 КС.

Покрај поголемиот број на понија Punto Evo Abarth Esseesse ќе добие постегнато подвозје ориентирано кон светот на мотоспортот и ќе има помоќен систем за соприање со поголеми предни дискови и сопирачки клешти.

Измени треба да има и во надворешниот дизајн во смисол на аеродинамички додатоци и во внатрешноста, но од Abarth сеуште не ги откриваат деталите околу измените во идентитетот на Esseesse.

Покрај Punto Evo Abarth Esseesse од Abarth најавуваат и помоќен Abarth 500C кај кого моторот место стандардните 138 КС ќе истискува 157 КС. Дополнително новиот Abarth 500C ќе го носи автоматскиот менувач со пет степени MTA со, како што наведуваат, исклучително куси времиња на менување на степените.

Двата нови модели Abarth ги најавува за на есен. Се очекува дека светската премиера ќе биде на салонот во Париз по што би стартувала и комерцијализацијата на пазарите низ Европа.

Abarth очекува дека овие модели дополнително ќе го зголеми интересот на европејците за легендарниот шкорпион и ќе ја зголеми продажбата која од возобновување на марката од 2008 до сега изнесува преку 22.000 примероци.

 

 

 

Facebook