|
16.12.2009 |
|
Јапонскиот производител се стреми кон хибриден бум кој по претставената Toyota Sai во октомври продолжува со нов малечок автомобил со хибриден погон најавен за претстајниот салон во Детроит.

Во таа насока Toyota објави само две тизер фотографии на малечкиот хибрид кој ќе носи дериват на хибридниот погон на новиот Prius, Hybrid Synergy Drive, но со многу помал бензински мотор спарен со електромотор.
Други информации за хибридот нема. Од фотографиите може да се заклучи дека станува збор за автомобил со големина на iQ, но дизајнот ќе биде различен и ќе асоцира на еколошки автомобил.
Се претпоставува дека станува збор за сосема нов автомобил, но додека не бидат објавени официјалните информации од Toyota работите остануваат на претпоставки.
Предпремиерата на новиот хибрид на Toyota е закажана за 11 јануари кога ќе бидат објавени првите податоци, а светот ќе моќе да го види во живо три дена подоцна.
|