|
BMW открива планови за проширување на својата еколошка марка „i” со нов модел. Станува збор за компактен ван којшто ќе биде позициониран меѓу i3 и i8 прикажани на фотографиите долу.

Моделот i5 како што ќе гласи неговото име ќе биде поставен на платформата на i3 која за потребите на поголемиот модел носи поголемо меѓуоскино растојение кое ослободува многу повеќе простор во вантрешноста.
Дизајнот ќе биде екстравагантен исто како и кај останатите два модели од серијата, кровот ќе биде поставен високо за комфорен транспорт на седум патници, или на пет патници со багаж во полн формат.
Идејата е на пазарот да се испрати конкурент на Toyota Prius+. Погонот му е препуштен на електромотор со 170 КС, но покрај електричната верзија ќе има и хибрид каде кон електромоторот ќе се приклучи бензинец со три цилиндри и 90 КС.
Негова задача ќе биде да ги полни батериите при возење со што ќе се зголеми автономијата на моделот. Станува збор за plug-in хибридна технологија која ќе дојде од соработката со Toyota.
BMW i5 на пазарите во Европа треба да се појави во 2015 година, открива германскиот AutoBild, a цената ќе изнесува околу 50.000 евра. Колку за споредба помалиот i3 ќе чини околу 40.000 евра, додека цената на i8 е 185.000 евра.
|