|
15.01.2008 |
Зошто ова мора да им се случува на добрите автомобили?
Секако нема одговор на ова прашање, исто како што нема одговор на прашањето
зошто лоши работи им се случуваат на добрите луѓе.
Повторно нема сознание како се случила несреќата и кој е
причинителот на згужваниот лим на десното крило на овој прекрасен сив Nissan
GT-R. Сепак, постои расположение да се верува дека во случајов гордоста на
возачот не е повредена како во претходниот случај.
Имено можеби сега станува збор за удар на паркинг од
страна на некое возило кое одело во рикверц. Добро е тоа што автомобилот не е
целосно згужван како оној првиот GT-R.
|