|
05.03.2008 |
Audi го претстави својот втор модел во кого е вграден
биковски снажниот V12 TDI. Станува збор за спортистот R8 кој како
концепт можеше да се види изложен на салонот во Детроит.
Причината зошто овој V12 TDI се најде
сместен во шасијата на R8 е јасна и води до тркачот од Леман и двократниот
победник на 24 часовната трка Audi R10 кој во основа го
носи истиот мотор.
6.0 литарскиот турбо дизел со 550 КС и вртежен момент од
1.000 Nm го катапултира R8 до 100 km/h за 4,3 секунди и го турка до максимални преку 300 km/h.
Вгрaдувањето на овој мотор во R8 бараше и одредени модификации на спортскиот автомобил
кој во себе инкорпорира голем дел од технологијата на Audi развиена
за на трки.
Моторот во тркачот R10 за разлика
од серискиот има 5.5 литри зафатнина, но испорачува дури 650 коњски сили кои го
туркат болидот до максимална брзина од преку 330 km/h.
Карактеристично за моторот е поставеноста на цилиндрите
под агол од 60 степени, новиот погон на брегастите вратила со ланец и две
комплетно нови пумпи за висок притисок за системот за директно
вбризгување на горивото комонраил, а воздухот го вшмукува преку систем од
канали кој води преку кровот.
Моторот се произведува во фабриката за мотори на Audi во
Унгарија.
|