|
Уловен за време на снимање на рекламен спот новиот Mercedes CLS, поточно неговите фотографии го обиколија светот, но сега само неколку дена подоцна имаме уште подобар поглед на CLS.

Иако на претходните фотографии CLS беше безмалку целосно разоткриен и јасно можеа да се забележат основните линии на купето со четири врати, но предниот дел беше прекриен со мала камуфлажа која ја прекриваше неговата маска.
Сега улогата на маска ја игра работникот на сцена кој ги врши последните подготвки пред снимање, но сепак, може јасно да се види предницата, формата на маската, предниот браник, светлата, хаубата и страничните ретровизори.
Сега станува уште појасно дека дизајнот е наследен од концептот Shooting Break со идентични предни светла и мали измени на предните крила во пределот на спојот со светлата и браникот.
Измени има и кај предниот браник и страничните ретровизори, но затоа хаубата и маската со трапезоиден облик и хризонтална пречка пресечена со препознатливата сребрена ѕвезда со три краци се идентични.
Сепак, сеуште нема никакви информации уште помалку фотографии од внатрешноста на автомобилот како и за техниката и за перформансите на овој нов убавец на Mercedes.
Веќе наведовме дека моторот што работи под хаубата на уловениот Mercedes CLS е V6 од 3.5 литри со директно вбризгување на горивото. Доколку се работи за истиот мотор од концептот Shooting Break тогаш пакува 302 КС и 370 Nm.
Премиерата се очекува на салонот во Париз, додека комерцијализацијата треба да стартува во 2011 кога Mercedes ќе го понуди новиот CLS како модел за 2012.
|