Шефот на Mercedes, Дитер Цетче даде зелено светло за започнување на развој на нова уште
помоќна верзија на суперкупето
SLS AMG чија продажба сеуште не стартувала и се
очекува наскоро.
Инженерите на AMG кои го создадоа
SLS,
но и сите оние верзии AMG Black
Series од сериските модели на Mercedes започнаа да работат на
подобрената верзија која според зборовите на Цетче ќе биде бомба на четири
тркала.
Развојот на еден ваков автомобил вооптшто не е едноставна
работа, па затоа Цетче најави дека бесниот
SLS AMG би требало да се појави на пазарот за околу 3 години и
дека најверојатно и тој ќе ја носи наставката Black Series.
Плановите се SLS
AMG Black
Series да стане главен конкурент на обновениот Ferrari 599 GTB Fiorano, а од својот смирен брат ќе се разликува по детали по кои актуелните
модели од Црната серија на AMG се разликуваат од обичните.
Најголемата новина кај SLS AMG Black
Series ќе биде доработката на моќниот 6.2 литарски V8 кој работи во SLS
AMG и остварува моќни 571 КС и масивен максимален вртежен
момент од 650 Nm.
Доработениот мотор од иста зафатнина ќе истискува преку
600 КС и максимален вртежен момент од 680 Nm. Моќно, и како што вели шефот за развој на AMG, Фридрих Аихлер: „Најдоброто
го чувавме за десерт”.
Ови вредности ќе бидат остварени благодарение на менување
на обликот на комората за согорување во цилиндрите, поставување на нов редизајниран
колектор за вшмукување на воздух со зголемен проток и поголема компресија.
Снагата од масивната енергана ќе се испраќа до задните
тркала преку седум степениот менувач со две спојки кој е комбиниран со нов
самоблокирачки диференцијал.
SLS
AMG Black
Series ќе има подобра аеродинамика во однос на обичниот SLS AMG, ќе биде полесен за 50 килограми. Измените ќе резултираат со вртоглави
перформанси. Спринтот до темпо 100 ќе биде 3,5 секунди, стандардниот за 3,8
секунди, а максималната брзина 333 km/h, стандардниот 312 km/h.
Сето ова претворено во пари на крај ќе чини 50% повеќе отколку
стандардниот модел.
|