|
15.05.2007 |
Во март Toyota продаде повеќе хибридни возила во САД од кога било досега. Пазарниот лидер продаде 28.453 хибридни автомобили и со тоа го пречекори претходниот месец за 137 проценти.
Со тоа, концернот во првото тромесечје продаде вкупно 61.635 хибридни возила, што е за 60 проценти повеќе отколку во минатата година. Само Prius постигна 19.176 примероци и со тоа ги надмина бројките на продажба на марките Subaru, Mercury и Cadillac. Генерално, хибридните модели по прв пат постигнаа пазарно учество од два проценти. И во Европа популарниот Prius бележи голем пораст во продажбата.
|