|
26.12.2007 |
Холандскиот дизајнер Мајкл ван ден Бринк зема залет и по
отркивањето на прекрасниот 599 GTO се впушта во нова авантура. Овој пат сака неговите
клиенти да возат со ветар во коси.
Ferrari не направи кабриолет верзија од својот најмоќен
автомобил 599 GTB Fiorano, но затоа тука е Ван ден Бринк за да ја ипсрави
грешката. Холанѓанецот очигледно ја согледал потебата од еден ваков кабриолет.
Секако автомобилот ќе се изработува само по специјална нарачка, а имотните
купувачи додека возат ќе можат да уживаат со поглед кон небо, или пак, по
потреба да го кренат кровот изработен од карбон-фибер кој се грижи тежината да
биде сведена на минимум.
Но, кабриолетот на Ван ден Бринк нема да
биде поставен на платформата на Ferrari 599 GTB Fiorano, како
купето 599 GTO. За GT кабриолетот се предвидени три платформи, Audi
R8, Spyker C8 и Corvette Z06.
Кабриолетот на Ван ден Бринк чие име гласи Vandenbrink
GT Convertible и за чиви подетални податоци ќе мора да се стрпиме и беше
претставен на публиката на саемот Cercle Deluxe во Виена.
|