|
Најновите и најголеми светски хитови на Hyundai, купето Veloster и седанот Elantra пристигнаа во Македонија и премиерно беа претставени пред нашата јавност од застапникот на марката Korea Auto Trade.

Секако овие модели не се непознаница и со нетрпение беа очекувани од нашите купувачи. За нив пишувавме во неколку наврати, но она што сега не интересира се цените и опремата.
И додека целта на Veloster е да го прослави новиот имиџ на Hyundai, од Elantra се очекува да освои поширока група на купувачи. Тоа треба да го направи пред се со примамливата цена, опремата, големата гаранција и модерната техника.
Автомобилот долг 4.530 mm, широк 1.775 mm, висок 1.445 mm, со меѓуоскино растојание од 2.700 mm и со модерниот и штедлив 1.6 литарски GDI со директно вшприцување на горивото и 130 КС под хауба стартува од 13.990 евра.
Со него Elantra забрзува до 100 km/h за 10,7 секунди и вози со максимални 200 km/h. Притоа во просек троши 6,4 литри данок на паметно користење материјали за градба што условило релативно ниска тежина од 1,3 тони.
Во основниот пакет опрема GL влегуваат кожа на волан и рачка од менувач, две воздушни перници, ABS, ESP, централна брава со далечинско, електрика на стакла напред, електрика на ретровизори со греење, светла за магла, патен компјутер, возачко седиште се мести по висина, деллива задна клупа, тонирани стакла, радио со CD + MP3 со USB приклучок со команди на волан, мануелен клима уред, леснометални бандажи од 15 инчи, греење на задно стакло.
Поскапиот пакет GLS за 15.500 евра нуди плус леснометални бандажи од 16 инчи вклучувајќи го и бандажот за резервното тркало, 6 воздушни перници и електрика на задни стакла, додека најопремениот пакет GLS+ за 16.200 евра нуди уште автоматски клима уред и сензори за дожд.
Veloster следствено со намената чини 19.990 евра доаѓа уште побогато опремен и покрај единствено визуелно доживување на едно купе нуди практичност на компакт со двете странични врати од десна страна.
Кај него сериски доаѓаат детали како автоматски клима уред, ладилник, аудио со DVD и Divx, Bluetooth и приклучоци AUX, USB, iPod и навигација со екран од течни кристали од 7 инчи, леснометални бандажи од 18 инчи, аларм, темпомат, панорамски кров, камера за паркирање...
|