Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Veritas се трка во серијата на FIA GT1
05.05.2010

Малку се знае за компанијата Veritas и истоимениот супер спортски автомобил кој се произведува во лимитирана серија од само 30 примероци годишно, а од годинава најверојатно и ќе се трка.

veritas-rs-3-2010-1

Информацијата сеуште не е потврдена официјално, но секако е атрактивно да се знае дека годинава во серијата GT1 на FIA, Veritas RS III како што гласи полното име на спортистот ќе се натпреварува против автомобили како Lamborghini Murcielago, Aston Martin DBR9, Maserati MC12, Corvette C6 R, Ford GT, Nissan GT-R.

Марката која датира од 40. години на минатиот век, односно веднаш по втората светска војна е возобновена. Veritas го стартува своето производство на модели поставени на шасија на BMW. Првиот модел ја користи основата на повоениот BMW 328.

Меѓутоа заради след на околности нејзиното производство полека згаснува и по производството на каросерии за Panhard до 1950 до 1952 целосно замира. Меѓутоа 60 години подоцна Veritas се враќа на светската автомобилска сцена.

Првата за името кон крајот на 90. години од минатиот век ги купува малата германска фирма Vermot AG која во 2001 го прикажува првиот прототип концептот Veritas RS3, за во 2008 да стартува производството на Veritas RS III кој исто акко и првиот автомобил на Veritas е родстер.

Veritas RS III повторно се потпира на технологијата на BMW, но сега само во поглед на моторот и менувачот. Под хаубата работи 5.0 литарскиот V10 познат од BMW М5 кој испорачува 507 КС при 7.750 врт/мин и максимален вртежен момент од 520 Nm при високи 6.100 врт/мин.

Менувачот е 6 степен мануелен или 7 степен секвенцијален во зависност од афинитетите на клиентот. Како опција се нуди тркачки 6 степен секвенцијален менувач со палки за менување на степените.

Овој менувач е опремен и со педала за спојка која служи само за поаѓање, потоа степените се менуваат со допир на палките без употреба на спојката. Во понуда се и разни типови на смоблокирачки диференцијали со различен преносен однос и различен степен на блокада.

Шасијата на Veritas RS III е просторна цевкаста рамка засилена со повисоки страници и централна цевка со што е постигната одлична торзиска цврстина и отпорност на усукување. Каросеријата и сите панели се изработени од карбон-фибер.

Суспензијата се состои од двојни триаголни водилки напред и назад со пушрод систем и поддесувачки амортизери од Ohlins, а за соприање се користат карбон-керамички бушени дискови кои ги испорачува Brabham Racing.

Дисковите се со дијаметар од 380 mm напред и 355 mm назад кои ги зафаќаат 6 клипни, односно 4 клипни сопирачки клешти. Тие се сокриваат зад леснометални бандажи од 22 инчи обуени во гуми на Dunlop со димензии 255/30 и 325/25.

Veritas RS III има 1+1 седиште, однсоно зависи од клиентот дали ќе се одлучи за две седишта одвоени со централен тунел, или пак, сака да ужива во соло возење. Тркачките кади кои ги испорачува Recaro се обложени со Nappa кожа, а ремените се прицврстени во четири точки.

Автомобилот со дoлжина од 4.680 mm, ширина од 2.020 mm и висина од 970 mm тежи само 1.080 kg нуди бесни перформанси со спринт до 100 km/h за помалку од 3,2 секунди и максимална брзина од 347 km/h.

Прилично импресивно нели? Но, сето ова се однесува на патната верзија. Тркачот којшто ќе се натпреварува во Светскиот шампионат на FIA, GT1 ќе има моќност од 600 КС и минимална тежина пропишана со техничките правила од 1.170 kg.

Дополнително ќе му биде поставен цврст кров, но и низа измени подобрувања со цел да можат да се издржат напрегањата во трка.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook