|
Renault ги објави првите официјални информации и фотографии од својот нов малечок, интересен и иновативен отворен модел во кого возачот и совозачот ќе можат да го почуствуваат ветерот в коси.

Токму затоа во Renault на малечково му го даваат името Wind или ветер. Wind е создаден врз основата на актуелниот Twingo и токму затоа за тестните примероци уловени од ловците на автомобили се претпоставуваше дека станува збор за уште еден во низата купе/кабриолети кои ја носат наставката CC во името.
Wind е малечок автомобил кој во должина мери 3.830 mm што е за 230 mm повеќе од должината на Twingo. Има склоплив метален кров кој кога е склопен се сокрива под капакот на багажникот или во сличајот повеќе би одговарало ако го наречеме задна хауба.
Времето потребно да се склопи, односно отвори кровот изнесува 12 секунди тоа значи дека механизмот се сврстува меѓу побрзите. Благодарение на оригиналната конструкција на механизмот волуменот на багажникот од 270 литри не се менува без оглед дали кровот е подигнат или спуштен.
Податокот за волуменот говори дека багажникот на Wind е за 40 литри поголем од оној кај Twingo. Под хаубата на Wind ќе работат два бензински мотори со зафатнина од 1.2 и 1.6 литри кои ќе остваруваат 100, односно 133 КС.
Релативно моќните мотори упатуваат дека Renault се подготвува да го претстави Wind како спортски модел, но за сега нема најава дека би се произведувале верзии Renault Sport или Gordini.
Светската премиера ќе биде во март на салонот во Женева, додека продажбата е закажана за во јуни. Цената би требало да биде пониска од 20.000 евра.
|