Get Adobe Flash player
Вистината за Mitsubishi Lancer
28.06.2007
mitsubishi-lancer1Со целото внимание свртено кон главната ѕверка на Mitsubishi, Evo X, неговиот донатор Lancer остана запоставен. Конечно дојде време новиот разороувач од Mitsubishi да се најде во жижа.

Кога ќе се појави на пазарот во март идната година Lancer ќе се фати во костец со останатите фамилијарни превезувачи со три мотори и збунивачка палета на менувачи.

Можеби Evo X ги собира сите овации, но ниту серискиот Lancer не е за фрлање. Моторската понуда стартува со 1.8 литарски бензинец со 142 КС и штедливиот 2.0 литарскиот дизел кој пумпа подеднакво здрави 138 коњи.

Верзијата со пет врати пристига идната година во август со малиот бензинец од 1.5 литари со MIVEC технологија. Тој нема да биде на располагање во потешката четиривратна изведба поради анемичните 109 КС.

Малку мотори бидејќи во Mitsubishi се потрошиле на менувачи.

Купувачите ќе можат да изберат пет степен мануелен менувач за 1.5 и 1.8 литарските бензинци, шест степен мануелен менувач за дизелот и CVT за 1.8. Автоматизираниот мануелен менувач е резервиран за само за Evo. Ова се навистина многу опции за да се менуваат брзини.

Светската премиера за Lancer е закажана за салонот во Франкфурт, а Evo нема да го видиме во метал пред октомври 2008 на салонот во Токио.

Сеуште нема информации колку ќе чини новиот Lancer, но за очекување е цената да биде во ранг на Honda Civic.

Mitsubishi очекува многу од новиот Lancer. Добрата продажба уште во првата година според предвидувањата треба да ја понесе пет вратната верзија.

mitsubishi-lancer2mitsubishievo
 

 

 

 

Facebook