|
05.07.2007 |
Во Торино пред повеќе од 7.000 гости, дилери и
автомобилски новинари од цел свет, Fiat го претстави својот
нов мини 500. Точно на педест годишнината од претставувањето на
оригиналниот 500.
Се очекува и новиот 500 да ужива добар глас на забава при
возење со атрактивен, но достапен пакет како што тоа го напрви оригиналот.
500 стартува со три моторски понуди и секоја од нив ја
задоволува нормата Euro 5 за емисија на издувни гасови. Тука се вклучени 1.2
литарецот со 70 КС кој емитува едвај 119 g/km CO2 и го
забрзува 500 за 12,9 секунди до темпо 100.
Потоа следи ултра ефикасниот 1.3 литарски дизел Multijet
и 1.4 литарски турбо бензинец со 100 КС кој ќе претставува врв на понудата.
Multijet, инвестицијата ја враќа со просечна потрошувачка од
неверојатни 3,69 литри додека сеуште испорачува и повеќе од доволни 75 КС и
вртежен момент од 145 Nm.
Fiat 500 мери 3546 mm во должина со
меѓуоскино растојание од 2300 mm и траг од 1414 mm. Во интериерот
се забележува голем напредок во квалитетот и покрај ниската цена.
|