|
08.06.2007 |
Таблоидот The Sun пријави возач на VX220
Turbo на полицијата во Кент, Велика Британија откако брзачов им испратил
фотографии како вози со 240 km/h на автопат.
Дваесет и шест годишниот Ентони Којн се фалел за своето
возење на форумот за ентузијасти www.vx220.org.uk,
поставувајќи свои фотографии под псевдонимот „antgtv” и добил
измешани реакции од останатите корисници. Повеќето од нив го обвиниле дека бил
невнимателен.
Не е јасно дали Tha Sun
ја добил
информацијата од друг член на форумот или неговите репортери случајно
дошле до неа, сепак успеале да ја препознаат локацијата од фотографиите
на
Којн и го предале доказот на надлежните органи.
Полицијата во Кент потврдила дека ќе првземе мерки во
врска со опасниот возач.
|