Откако кон крајот на минатата година Toyota најави
огромни загуби до крајот на фискалната година којa завршува во март годинава, реководството подготвува драстични промени.
Имено не чело на копманијата од јуни годинава ќе застане Акио
Тојода внукот на основачот на Toyota, Киичиро Тојода. Актуелниот претседател на компанијата
Катсуаки Ватанабе ќе ја завеземе позицијата на потпредседател и советник.
Акио Тојода е првиот член на семејството на основачот на
Toyota кој по цели 14 години ќе застане на чело на јапонскиот
автомобилски гигант. Татсуа Тојода беше последниот член на семејството кој ја
предводеше компанијата.
Toyota воедно излезе со бројка која бележи пад во пордажбата од
4% во 2008 или вкупно 8.972 автомобили што е прв пад на продажбата на производителот
во изминатите 10 години.
Со намера да ги крати трошоците Toyota
најверојатно ќе го одложи претставувањето на повеќе нови модели. На овој начин
средствата што се трошат на развој ќе бидат скратени и пренаменети, а одредени
консеквенци ќе претрпи и одсекот за мотоспорот.
Компанијата ги редуцира и плановите за остварувањата
од продажбата. Очекувањата за продажбата на глобално ниво се намалени за 8,5%
или вкупно 7,54 милиони автомобили до крајот на март годинава.
Без оглед на кратењето на трошоци Toyota останува
доследна на кралицата на мотоспортот Формула 1 и на претставувањето на супер
спортскиот автомбил Lexus LF-A.
|