Get Adobe Flash player
Во акција за безбеден сообраќај
09.07.2010

Викендов од 9. до 11. јули осигурителната компанија Кроација осигурување и здружението на граѓани за безбедност во сообраќајот НВО СОБЗ организираат кампања за безбедност во сообраќајот.

kroacija-osiguruvanje-2010-2

Стартот на кампањата со наслов „Мисли Превентивно" е во градот Кичево и со неа започнува поголем проект за унапредување на безбедноста во сообраќајот кој ќе се имплементира преку едукативно превентивна кампања во соработка со полицијата и Градоначалникот на Општина Кичево.

Во проектот учествуваат деца кои се најголемите жртви во сообраќајот и кои ќе ги наградуваат примерните возачи со јаболко и непримерните со лута пиперка со што ќе им испратат порака за поголема одговорност како учесници во сообраќајот кои се најголемата причина за предизвикување на сообрќајни несреќи.

Активноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот ќе се спроведува секоја вечер на улиците на Кичево во периодот меѓу 19:00 и 22:00.

Кампањата предвидува и трка на воениот полигон во Кичево во која ќе учествуваат над 70 автомобили и мотоцили. Тренингот за трката е на 10 јули, сабота со почеток во 9:30 часот, а самата трка е на 11 јули, недела која започнува во точно напладен во 12:00 часот.

 

 

 

Facebook