Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во Аргентина нови возила по набавни цени
12.12.2008
plac-so-vozila-argentina-1.jpgСветската финансиска криза е причина за изнаоѓање многу интересни решенија за спасување на економијата на државите ширум светот посебно оние каде се произведуваат автомобили.

Објавен е јасен план на Владата на Аргентина за спасување на автомобилската индустрија во државата. Владата се обврзува да ги помага дилерите на нови автомобили за истите да можат да ги продаваат автомобилите по набавни цени.

Ова значи дека во Аргентина автомобилите практично ќе се продаваат по цена која дилерите ги набавуваат од производителот. Станува збор за сериозно намалување на цените и преку 30% кое се очекува да предизвика стимул кај народот за масовно купување на автомобили.

Помошта се состои од одобрување на кредит за дилиерите во висина од 900 милиони долари со исклучително ниски каматни стапки. Така дилерите ќе можат на купувачите да им понудат евтини автомобили со цени под 10.000 долари и истите ќе се отплаќаат на кредит со ниска камата.

Еден ваков план би требало да ги привлече купувачите веруваат во Владата на Аргентина. Тие го уверуваат народот дека оваа е вистинско време за купување на нов автомобил.

Кредитот е дел од еден поголем пакет за стимулирање на економијата во Аргентина во висина од 3.8 милијарди долари. На овој начин Владата на Аргентина ќе се обиде да го минимизира ударот врз домашното стопанство предизвикан од светската финансиска криза.

Предвидувањата на Владата на Аргентина се дека оваа програма ќе успее да ги сочува 150.000 работни места во автомобилската индустрија и да не дозволи драстичен пад во производството во текот на следната година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook