Get Adobe Flash player
Во најава Chevrolet Aveo седан
24.02.2010

По затворената презентација што ја направи шефот на General Motors, Боб Луц за своите менаџери првите фотографии кои ја откриваат новата генерација на Chevrolet Aveo го обиколија светот.

chevrolet-aveo-sedan-2010-1

Станува збор за продолжената верзија на Aveo, односно за Aveo седан која во предниот дел е идентична со спортскиот концепт Aveo RS кого General Motors го претстави минатиот месец на салонот во Детроит.

Верзијата со четири врати и голем багажник одзади го следи динамичниот дизајн прикажан кај хечбекот. Напред останува да доминира впечатливата маска која е поделена во два дела и го носи знакот на Chevrolet.

Задржани се и предните дводелни светла кои ја нагласуваат агресивноста заедно со набабрените странични крила и напред и назад и акцентираните арки над тркалата.

Сепак, сочивата на предните свелта и светлечките диоди за возење дење се заменети со обични стакла, а сменет е дизајнот и на трепкачите и на светлата за магла. За жал сеуште неможеме да знаеме колкави се разликите во задниот дел.

Уредувањето на кабината останува исто како кај концептот барем според дизајнот. Материјалите се многу поблиску до оние што би се вградувале во сериската верзија и тука нема екстраваганција и луксуз.

Други информации за седанот на Aveo нема. Сериската верзија на новата генерација на Aveo би требало да биде претставена некаде на есен, најверојатно на салонот во Париз, a продажбата стартува в година.

 

 

 

Facebook