Get Adobe Flash player
Во очекување на BMW M5
02.02.2010

Кусо по официјалното претставување на новата генерација на BMW Серија 5 од сенка излегува и нејзината најмоќна варијанта магичната спортска лимузина која доаѓа од погоните на дивизијата М.

bmw-m5-2011-1

Јасно е, станува збор за новата генерација на монструмот М5 уловен за време на зимските тестирања кои се прават при екстремно ниски температури во пределите на Лапландија каде санките со кучиња се многу поприроден елемент.

Сокриен под масивна камуфлажа тешко е да се направи разлика меѓу обичната Серија 5 и М5. И додека визуелните разлики тешко се воочуваат од напред одзади новиот М5 го издаваат четирите издувни цевки со голем пречник.

Како што беше најавено најважната новина кај М5 е смената на моторот. Се напушта филозофијата на атмосферски агрегати и како што наложува новото време се оди кон турбо-моќ.

Тоа значи дека опеаниот атмосферски 5.0 V10 заминува во историја и на неговото место доаѓа битурбо V8 со директно вбризгување на горивото и зафатнина од 4.4 литри познат од монструозните BMW X5 M и X6 M.

Без оглед што има два цилиндри помалку и помала зафатнина новиот мотор остварува значително поголема моќност. Новата генерација на BMW M5 ќе моќе да се пофали со моќност од околу 570 КС, пониски емисии на СО2 и пониска потрошувачка.

Повеќе коњски сили и повисок вртежен момент значат и подобри перформанси. М5 до темпо 100 ќе забрзува за 4,5 секунди и ќе оди до максимални електронски ограничени 250 km/h. Секако на располагање ќе биде и пакетот M Driver кој ќе овозможува дополнителни 25 km/h максимална брзина.

Плановите на BMW се М5 да биде претставен на есен на салонот во Париз, а продажбите да стартуваат на почетокот на 2011.

 

 

 

Facebook