Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во очекување на Opel Mokka
12.01.2012

Opel ја најави својата прва премиера за 2012 година. Станува збор за првиот модел на марката меѓу малите кросовери наречен Mokka чија премиера ќе се случи на претстојниот салон во Женева.

opel-mokka-1-2012-1

Ова значи дека во Женева ќе видиме покрај Kia Cee`d ќе видиме уште една голема премиера меѓу популарните автомобили. Иако долг само 4,28 метри Mokka е исклучително комфорен тврдат од Opel.

Во него можат комфорно да патуваат пет возрасни патници, а заради погонот на четири тркала патешествието немора да е ограничено со на асфлатен пат. Mokka вози и надвор од него.

Кога на задните седишта не се возат патници волуменот на багажникот се зголемува на 1.372 литри. Добрите возни карактеристики се плод на широката трага од 1.540 mm и на големите леснометални бандажи од 18 и 19 инчи.

opel-mokka-2-2012-1

За сега Opel не откривa многу детали. Сепак, најважните се тука. Под хауба ќе работат три мотори. Два бензинци и еден дизел. Основата е атмосферскиот 1.6 литарец со 115 КС.

Следат турбо бензинецот од 1.4 литри со 140 КС и 200 Nm и турбо дизелот 1.7 CDTI со 130 КС и голем вртежен момент од 300 Nm и двата се спарени со мануелен или автоматски менувач со шест степени на пренос.

Обичниот бензинец доаѓа само со мануелен шест степен менувач. Погонот е на предна оска, или на сите четири тркала и зависи од изборот на новиот сопственик. Интересно сите моторни изведби со мануелен менувач имаат систем Start&Stop.

opel-mokka-3-2012-1

Иако мала Mokka е полна со напредна технологија. Тука е системот Opel Eye врзан со камера за возење наназад, анатомските седишта, системот за превоз н велосипеди Flex-Fix.

Дел од стандардната опрема се и системи како ESP, контрола на тракција TC, Hill Start Assist - HSA или помош при тргнување на нагорнина, Hill Descent Control – HDC. Тука е и адаптибилното светло кое ја зголемува безбедноста ноќе.

Opel Mokka ќе биде главен конкурент на Nissan Juke, а на пазарот се очекува кон крајот на годината.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook