|
03.05.2007 |
Обично автомобилските отпади не носат голем профит за сопствениците. Но, еден газда во Канада нашол начин како да го револуционира автомобилскиот отпад. И затоа ќе оди во затвор.
Со години сопствениците на отпадот откупувале безвредни автомобили за во отпад како Mustang и Chevelle, ги расклопувале и потоа ги продавале искористливите делови на интернет страници како еBay. Истото тоа се работи и во секој друг отпад каде и да било во светот. Но, место да откупуваат стари автомобили, во овој отпад се работело со луксузни возила, од кои биле отстранувани сопирачките, гумите, моторите, менувачите, воздушните перници и се што можело да се продаде на сивиот пазар.
Канадската полиција постепено навлегувала во начинот на работа на отпадот и кога пристигнала да направи увид имала што да види: бројот на возила на плацот со површина од дури еден хектар бил запрепастувачки.
Отпадот северно од Монтреал бил преполн со луксузни теренски возила, со Jaguar, Mercedes и други престижни марки, со искорнати делови од нив. Некои од автомобилите биле салонски нови, со нулта километража, некои пак натрупани еден врз друг. На 39-годишниот сопственик не му гине затворска казна, кога ќе се има на ум огромниот куп доказен материјал.
Пофалби и за канадската полиција, но нејасно е зошто овој криминал бил оставен непречено да се одвива толку години наназад и не биле откриени преку 700 луксузни возила, кои ќе се згодледаат и при најобично играње на Google Earth - деснава слика ја дава токму овој познат сервис на Google.
|