Get Adobe Flash player
Водороден Mercedes во серија
31.08.2009
mercedes-f-cell-1.jpgMercedes го претстави првиот сериски автомобил којшто го задвижуваат горивни ќелии. Станува збор за водородна верзија на Класа В која ќе го носи името F-Cell, а на пазарот се очекува набрзо.

Новиот F-Cell користи водород кој согорува во горивните ќелии за да произведе електрична енергија која пак го задвижува електромоторот. Пакетот на горивни ќелии и електромотор во F-Cell од Mercedes истакнуваат дека претставува еквивлент на еден 2.0 литарски бензинец.

Електромоторот остварува моќност од 136 КС и има максимален вртежен момент од 290 Nm, а со едно полнење на резервоарот со течен водород F-Cell има автономија од 385 km што воопшто не е за потценување.

Потоа на соодветна пумпна станица каде за да се наполни резервоарот до врв се потребни три минути. Просечната потрошувачка на F-Cell во споредба со класичните автомобили е еднаква на 3,3 литри дизел на 100 километри со нула емисија на издувни гасови.

Во Mercedes се горди дека успеале да го решат најголемиот проблем на горивните ќелии, а тоа е старт во зимски услови. Според инженерите на најстариот производител на автомобили на светот F-Cell без проблем може да се стартува и при -25 степени целзиусови.

Покрај електричната енергија добиена од горивните ќелии F-Cell својот електромотор го напојува и со енергија регенерирана при сопирање и забавување која се складира во литиум-јонски акумулатор со капацитет од 1,4 kWh.

Што се однесува до перформансите од Mercedes ја истакнуваат само максималната брзина кој изнесува 170 km/h, додека забрзувањето не е наведено. Внатре F-Cell воопшто не отскокнува од останатите верзии на Класа В со зачувување на големиот багажник од 416 литри.

F-Cell премиерно ќе биде прикажан во Франкфурт, додека првата серија од 200 примероци треба да се произведе до крајот на годината, а заинтересираните купувачи ќе можат да ја добијат на почетокот на 2010.

Цената сеуште се држи во тајност.

 

 

 

 

Facebook