Get Adobe Flash player
Voila! Citroen DS4
31.08.2010

Citroen ги претставува првите подетални официјални фотографии и информации за својот нов премуим модел DS4 којшто ќе ја доживее светската премиера на претстојниот салон во Париз.

citroen-ds4-off-2010-1

Вториот модел од луксузната серија DS на Citroen е базиран на концептот DS High Rider и поставен на платформата на новата генерација на компактот C4 кого исто така светот ќе има прилика да го види на автомобилската претстава во Париз.

Од Citroen наведуваат дека DS4 со своето компактно и мускулесто тело личи како многу попрестижен автомобил од своите конкуренти, а спортскиот дух го наговестува со напумпаните крила и големите арки над тркалата.

Тука се и кусиот и подигнат задник и сокриените рачки за отворање на задните врати кои му даваат облик на купе и го надополнуваат толку посакуваниот спортски дух што сака да го претстави авангардната француска марка.

Citroen DS4 не е преголем автомобил. Долг е 4.27 m, широк е 1.81 m и во висина мери 1.53 m. Меѓуоскиното растојание од Citroen сеуште не го откриваат, a волуменот на багажникот изнесува 370 l.

Релативно големата висина на автомобилот овозможува повисоко седење и подобро следење на патот, додека огромното панорамско стакло значително допринесува за подобар поглед.

Под хаубата ќе работата два турбо дизели HDi со 110 и 160 КС и двата опремени со филтер за честички чад FAP. Послабиот дизал ќе се нуди и во е-HDi верзија која ќе биде опремена со систем Star&Stop и регенерирање на кинетичката енергија.

Од бензинците туке е VTi 120, потоа турбото THP 155 и помоќната турбо изведба THP 200. Ознаките на бензинците коренсподираат со моќноста. Сите мотори снагат до предните тркала ја пренесуват преку шест степен мануелен менувач и Electronic Gearbox System - EGS електронски контролиран менувач со оптимизирано менување на степените.

Посебно внимание од Citroen посветиле на акустиката во кабината со минимизирање на бучавата од моторот, струењето на воздухот и подвозјето. Предното стакло носи посебен акустички филм кој ги ублажува вибрациите и звукот, а поставени се и дополнителни материјали кои го впиваат звукот околу просторот за мотор, делови од каросеријата и вратите.

Од Citroen очекуваат дека DS4 со својата возна динамика, уникатниот стил, малку подигнатиот став и повисоката набилдана каросерија ќе стане поскауван како единствен во сегментот.

Иако премиерата е закажана есенва комерцијализацијата се очекува дури за една година, значи на есен во 2011. За цената од Citroen истакнуваат дека ќе биде малку повисока од онаа на новиот С4.

 

 

 

Facebook