Get Adobe Flash player
Volkswagen BlueMotion II концепт
13.10.2008
vw-passat-bluemotion-2-1.jpgVolkswagen во Париз го претстави концептот BlueMotion II зад чие име всушност се сокрива најштедливиот Passat на сите времиња кој има просечна потрошувачка од 4,1 L/100 km.

Концептот BlueMotion II не само што е најштедливиот Passat што некогаш бил направен од VW туку е и првиот автомобил кој е подготвен за сериско производство и ги задоволува нормите Euro 6 за чистота на издувни гасови кои стапуваат на сила дури во 2014.

Емисијата на јаглерод диоксид изнесува 109 g/km и е постигната со обединување на технологијата на Volkswagen , BlueTDI и BlueMotion кои во комбинација овозможуваат неверојатно ниска потрошувачка и емисија на издувни гасови.

Емисијата на СО2 што ја постигнува Passat BlueMotion II е за 5 g/km пониска од онаа што ќе ја има серискиот Passat BlueMotion II кој треба да се појави на пазарот во текот на следната година.

Ова значи дека серискиот еколошки Passat ќе има емисија на СО2 од 114 g/km што само по себе е одличен резултат кој ги надминува нормите што Европската комисија сака да ги воведе со имплементирање на Euro 5.

Passat BlueMotion II покажува дека со имплементирање на паметни технологии од програмата BlueMotion, чист мотор BlueTDI кој има SCR катализатор и со посебни аеродинамички модификации може значително да се намали потрошувачката и емисијата на СО2.

BlueMotion II поточно претставениот Passat Variant со едно полнење на резервоарот во просек може да мине 1.700 km и сето ова благодарение на вградениот систем старт/стоп, подолгите преносни односи во менувачот, штедливиот дизел common-rail TDI со вграден SCR каталитички конвертор со AdBlue кој ја самлува емисијата на канцерогените азотни оксиди NOx.

Понатаму тука е регенеративниот систем за сопирање кој ја враќа кинетичката енергија потрошена при сопирање и преку електричен генератор го напојаува со струја електричниот систем на возилото редуцирајќи ги на тој начин загубите на алтернаторот од т.н. паразитски потрошувачи со што дополнително се смалува потрошувачката.

Инженерите во Volkswagen кои работеле на проектот BlueMotion II пресметале дека со имплементирање на сите овие новини и подобрувања успеале да заштедат по 0,8 l/100 km гориво во однос на актуелниот Passat Variant BlueMotion и да ја редуцираат емисијата на СО2 за 20 g/km.

Кога ќе стартува со продажба во текот на следната година Passat BlueMotion II ќе се нуди во двете каросериски варијанти и како седан и како комби – Variant.


 

 

 

Facebook