Volkswagen одлучи да го открие својот концепт на
родстер наречен BlueSport пред официјалното
претставување на салонот во Детроит кое треба да се случи неделава.
Со BlueSport, Volkswagen ја открива намерата
сериозно да навлезе во сегементот на отворени двоседи и да им понуди на
купувачите на ваков тип возила достапен, економичен и брз автомобил.
VW го претставува BlueSport со 2.0
литарскиот TDI кој на новото работно место остварува 180 коњски сили и
350 Nm максимален вртежен момент, доволно да го забрза родстерот до 100 km/h за 6,6
секунди и да оствари максимална брзина од 226 km/h.
Притоа просечната потрошувачка изнесува 4,3 L/100
km со емисија на СО2 од 113 g/km. Нормално би
рекле, за уште една варијација на тема Golf. Сепак, не е
сосем така.
Убавината на BlueSport лежи во
централно поставениот мотор кој ги задвижува задните тркала. Како кај вистински
родстер. Ова е дијаметрално спротивна концепција од она што до сега сме
навикнале да го гледаме во VW како мотор и погон напред или погон на четири тркала.
Снагата од моторот до задните тркала се пренесува преку
шест степен DSG менувач чива поставеност во шасијата заедно со моторот овозможуваат
распределба на тежината предна/задна оска во однос 45:55%.
BlueSport во должина мери 3,99 m, широк е 1,75 m, а висок е 1,26 m. Заради
поголема стабилност и пренос на снагата врз подлогата трагата на задните тркала
е поширока и мери 1,52 m, додека напред истата изнесува 1,49 m.
Меѓуоскиното растојание бележи 2,43 m.
Родстерот на VW воопшто не е лесен
автомобил. Вагата покажува 1.200 kg што е на пример 100
kg повеќе од една Mazda MX-5. Но, BlueSport воедно и е
поголем автомобил од MX-5.
Од поголемите димензии на автомобилот профитира
првенствено багажниот простор кој со 182 литри, распоредени напред под хаубата
и назад зад просторот за сместување на платнениот кров, ја зголемува
практичноста на BlueSport.
Сеуште нема официјална потврда кога Bluesport влегува во
серија, но во VW уверуваат дека ќе го откријат датумот по официјалното
претставување во Детроит.
|