Get Adobe Flash player
Volkswagen Golf генерација VI
04.08.2008
vw-golf-6-gen-1.jpgПрвичниот план на Volkswagen, првите официјални фотографии од шестата генерација на Golf да ги објави на 6 август среда се изјалови. И сето тоа благодарение на интернет зедницата.

Вообичаено неколку фотографии кои го откриваат финалниот лик на Golf VI веќе се најдоа на интернет. Комплетните податоци за автомобилот ќе бидат на располагање кон крајот на месецов, пред светската премиера која треба да се случи на салонот во Париз.

Фотографиите откриваат дека Golf VI неодоливо потсеќа на веќе актуелниот Golf V. Разликите можат де се забележат во предната маска и светла кои потсетуваат на новиот Scirocco и во задните светла кои се слични на оние кај Touareg.

Влијанието на Scirocco може да се забележи и во внатрешноста пред се кај квадратните отвори за доток на воздух, додека централната конзола останува слична. Останатите новини се однесуваат на моторната понуда.

Под хаубата на Golf VI ќе заживее новиот 1.6 литарски TSI кој ќе остварува 200 коњски сили, а во понудата ќе биде и високоперформансната верзија на 2.0 литарскиот турбо TFSI која ќе остварува 240 коњски сили во моделот GTI.

Истиот мотор кој веќе работи во Audi S3 и таму остварува 275 коњски сили ќе се вградува и во најмоќната верзија на Golf VI. Моделот R32 со моќниот, но тежок V6 под хауба оди во пензија, а место него задачата на двигател ќе ја превземе 2.0 TFSI со моќност од околу 280 коњски сили.

Интересно е што во Volkswagen најавуваат вградување на новата генерација на трицилиндрични мотори. Се очекува во Golf VI да работи мотор со зафатнина од 1.2 литри кој ќе остварува 75 коњски сили благодарение на механички компресор. Но, ова се само претпоставки.

Со актуелизација на проблемот за зачувување на животната средина и климатските промени во Volkswagen најавуваат дека Golf VI ќе биде околу 30% поекономичен од својот претходник.

Верзиите BlueМotion ќе имаат поинакви менувачи кои недозволуваат брзо менување на степените. Овие така наречени спори менувачи заедно со гуми со помал отпор на триење треба значително да ја намалат потрошувачката во однос на обичните верзии.

Најавуваниот дизел-хибрид би требало да биде круна во гамата BlueMotion, но реално неговото појавување не можеме да го очекуваме уште неколку години.

Од Volkswagen стигнува уште една потврда дека Golf VI без оглед дали се работи за верзиите со волан на лева или десна страна ќе се произведува исклучиво во нивната фабрика во Волфсбург.


 

 

 

Facebook