Get Adobe Flash player

Volkswagen Golf Plus BiFuel
15.06.2009
vw-golf-plus-bifuel-1.jpgПроизводителот од Волфсбург прикажа нова верзија на рестилизираниот Golf Plus која ја носи наставката BiFuel. Верзијата покрај безоловен бензин како гориво може да користи и течен нафтен гас LPG.

Golf Plus BiFuel има мотор со зафатнина од 1.6 литри и моќност од 98 КС кој во просек троши 9.8 литри LPG на изминати 100 километри и има емисија на CO2 од 159 g/km.

Кога работи на бензин Golf Plus BiFuel во просек троши 7,5 L/100 km и има емисија на СО2 од 179 g/km. Предноста на Golf Plus BiFuel со користењето на LPG покрај исплатливоста, односно поевтиното возење е и во емисијата на СО2 која е за повеќе од 10% пониска отколку кога се користи бензин.

Автомобилот покрај стандардниот резервоар за бензин од 55 литри има резервоар за LPG сместен во просторот за резервно тркало во багажникот и има волумен од 43 литри. Заедно двата резервоари обезбедуваат автономија за Golf Plus BiFuel од преку 1.100 km.

Доколку возите само на LPG со еден резервоар во просек се минуваат околу 440 km. Фабрички монтираниот систем за LPG доаѓа заедно со редовната гаранција на возилото и заедно со гарантните услови не отскококнува од останатите модели на VW.

Новиот Golf Plus BiFuel ќе се нуди со две нивоа на опременост Trendline и Comfortline, а во Германија стартува со цена од 22.460 евра.

 

 
Get Adobe Flash player