Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volkswagen Golf Plus пред премиера
02.12.2008
golf-plus-nov-1.jpgНаследникот на Golf Plus доживеа случајна премиера на мотор шоуто во Есен. Иако непланирано дел од посетителите во Есен имале можност да го видат автомобилот на фотографија.

Имено брошурите на кои бил претставен новиот Golf Plus требало да бидат извадени утре попладне по светската премиера на автомобилот на салонот во Болоња закажана за 3 декември.

Вината била префрлена на некоја од хостесите која незнаејќи за каков пакет станува збор го отворила и ги изложила брошурите на пулт. Вработени од VW реагирале брзо и ги повлекле брошурите, но сепак, дел од нив веќе завршиле во рацете на неколку посетители.

Првата фотографија од автомобилот покажува дека разликите во однос на актуелниот модел се минорни. Забележлива разлика на прв поглед има кај предните светла и предната маска.

Според наводите во брошурата кабината на Golf Plus ќе профитира од нови поквалитетни материјали и нови ткаенини, но нема ништо околу менување на дизајнот на арматурата.

Секако повеќе информации за наследникот на Golf Plus ќе има во деновите што следат. Па затоа не ни останува ништо друго освен малку трпение.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook