И новата шеста по ред генерација на Golf ја добива
еколошката верзија, BlueMotion, која Volkswagen ја
претставува како концепт, а може да се забележи кај повеќето модели на VW од Polo до Passat.
Golf VI BlueMotion во просек троши
само 3,8 литри гориво и има емисија на СО2 од само 99 g/km што е на
ниво на едно Polo BlueMotion или Seat Ibiza
Ecomotive и новиот Hyundai i20 i-Blue.
Сите овие модели настапуваат во класа пониско од Golf
VI, додека неговиот претходник Golf V BlueMotion има
емисија на СО2 повисока за 20 g/km, а ривалите како
што е еден Ford Focus ECOnetic има емисија на СО2
повисока за 16 g/km.
Во Volkswagen веруваат дека кога Golf
VI BlueMotion ќе стартува со продажба ќе биде најштедливиот компакт
автомобил на пазарот и еден од најштедливите автомобили воопшто.
Под хаубата на Golf VI BlueMotion работи
новиот 1.6 литарски TDI со систем за напојување common-rail кој во
новата генерација на TDI агрегати го заменува досегашниот систем на VW pumpe-dusse
или пумпа-бризгалка.
Моторот остварува 105 коњски сили и има максимален
вртежен момент од 250 Nm при 2.000 врт/мин. Заради поголемо штедење врзан е со
пет степен мануелен менувач на што се надоврзува и подобрата аеродинамика и
гумите со низок отпор на воздух.
Golf VI BlueMotion забрзува до 100 km/h за 11,2
секунди и остварува максимална брзина од максимални 187 km/h. Пристојни
перформанси ако се земе предвид потрошувачката од 3,8 литри. За споредба Golf
V BlueMotion трошеше 4,5 литри.
Според официјалните податоци од Volksawgen, Golf
VI BlueMotion ќе стартува со продажба се очекува кон средината на
2009, отприлика половина година по стартот на пордажбата на Golf
VI која е закажана за во јануари.
|