Get Adobe Flash player
Volkswagen Jetta Coupe во најава
13.01.2010

Volkswagen за во Детроит подготви вистинско изненадување во облик на концепт на купе со две врати кое го носи официјалното име NCC New Compact Coupe и е предвесник на новата Jetta Coupe.

volkswagen-ncc-2010-1

Од Volkswagen не го сокриваат фактот дека претставениот концепт NCC ќе претставува основа за сериската верзија на Jetta Coupe која е наменета за пазарот во Северна Америка и која наскоро треба да се појави во продажба.

Jetta Coupе во Северна Америка ќе биде замена за лутото купе со три врати Scirocco кое Volkswagen одлучи да не го понуди на тамошните пазари. Jetta Coupe е создадена да го пополни просторот меѓу Scirocco и Passat CC во понудата на Volkswagen.

Затоа Jetta Coupe, односно NCC, во должина мери 4.534 mm, широк е 1.780 mm, а во височина мери 1.412 mm. Седењето внатре е распоредено во конфигурација 2+2, а на предните седишта има доволно место и за луѓе високи 2 метри.

Концептот NCC го задвижува хибриден погон составен од трубо бензинецот на VW TSI од 1.4 литри со 150 КС и електричен мотор со моќност од 27 КС кој се напојува од литиум-јонски акумулаторски батерии.

Снагата се пренесува на предните тркала преку 7 степениот менувач со две спојки DSG на Volkswagen кој заедно со погонот е виновен за ниската потрошувачка која во просек мери 4,2 L/100 km и емисија на СО2 од 98 g/km.

Концептот NCC е псособен за респектибилни перформанси кои се огледуваат во максималната брзина од 227 km/h и забрзувањето до 100 km/h кое изнесува 8,1 секунди.

За жал сериската верзија на концептот NCC, односно Jetta Coupe нема да профитира од хибридниот погон. NCC во Детроит ја прикажува визијата на Volkswagen како хибридниот погон би бил имплементиран во еден автомобил од компактната класа.

Од Volkswagen истакнуваат дека нивниот хибридeн компакт со погон напред ќе се појави во серија кога ќе дојде вистинското време за него.

 

 

 

Facebook