|
Ова се првите фотографии од новата генерација на Volkswagen Jetta. Иако станува збор за неофицијални и компјутерски генерирани фотографии изворот наведува дека дизајнот е погоден.

Најголемата разлика во однос на актуелната верзија на Jetta е што новајлијата не е изграден на основата на Golf како генерациите до сега, туку е создаден од ново и ќе претставува нов самостоен модел на Volkswagen.
Дизајнот на новата Jetta ги следи смерниците на новиот корпоративен лик на Volkswagen и делува многу попривлечно од претходникот. Посебно задникот кој како да е земен на заем од Audi А4 и модификуван за да пасува на новиот модел.
Новата Jetta нуди поголемо меѓусокино растојание кое автоматски асоцира на поголема кабина и повеќе простор за патниците, посебно на оние на задните седишта. Растот во должина значи и повеќе простор во багажникот чив волумен и кај актуелниот модел на е за потценување и задоволува семејни потреби.
Под хаубата се очекува да работи целата палета на мотори кои веќе работат во Golf и во поголемиот Passat. На почеток во погон ќе бидат три бензинци и два дизели, a подоцна се очекува дополнителна плета на нивни варијанти.
Стартот е од 1.2 TSI со 105 КС, следнува 1.4 TSI со 122 КС и на врвот е 2.0 TSI со 200 КС. Кај дизелите основата е 1.6 TDI со 105 КС, а следи 2.0 TDI со 140 КС. Сите мотори се врзани со пест степен мануелен менувач, а по желба и со седум степен DSG.
Во понудата на Jetta треба да се сместат и две верзии BlueMotion бензин и дизел. Бензинскиот BlueMotion ќе го носи 1.2 литарецот, а дизелскиот 1.6 литарецот. И двете верзии ќе имаат систем start&stop и систем за регенерирање на енергијата од сопирачките.
Светската премиера најверојатно ќе се случи дури на почетокот на 2011 на салонот во Детроит алудирајќи на американскиот пазар кој типично е наклонет кон Jetta.
Продажбата би требало да стартува веднаш потоа паралелно и на пазарите во Севрна Америка и на пазарите во Европа. Се очекува стартна цена пониска од 20.000 евра.
|