Покрај најекономичниот автомобил на светот Volkswagen во Франкфурт го претстави E-Up!
Автомобил кој според најавите од Волфсбург треба да се
претвори во Буба на 21. век.
Аналогијата е јасна. Како што славната Буба беше
олицетворение на масовна мобилност на 20. век така и E-Up! треба да го повтори подвигот, но место масовна мобилност да обезбеди
масвона електромобилност.
E-Up! во должина мери само 3,19 метри и во суштина ја надополнува гамата што ја
најавува VW како New
Small Family која е составена од повеќе мали автомобили на тема Up! и треба да се појави во 2011.
Ако се суди според изведбата електромобилот прикажан во Франкфурт
е многу блиску до сериско производство. Наликува на концептот Up! со
наглесено заоблена предна хауба која би требало да потсетува на легендарната
Буба.
И додека однапред E-Up! сака да се спои со историјата од назад застаклената трета врата со светла
од светлечки диоди слеани во едно јасно укажуваат дека електромобилот вози кон
иднината.
Иднината ја најавува и стаклениот кров со површина од 1,4
m2 под чија површина се наоѓаат фотоволтаични ќелии. И додека проѕирниот кров
овозможува чувство на пространост во кусиот автомобил соларните ќелии полнат
енергија потребна за движење.
За да се обезбеди доволно простор во кабината за четири
возрасни патници инженерите на Volkswagen ги искористиле веќе познатите трикови како смалувањето на димензиите на
арматурата што резултира со повлекување кон напред на седиштето на совозачот.
Така зад него има доволно место за удобно сместување на
еден возрасен патник со доволно место за колениците, додека седиштето зад
возачот се смета за помошно и E-Up! всушност се води како автомобил со 3+1 места за седење.
Багажникот нуди волумен од 85 литри, а по соборување на
задната клупа расне до расположиви 520 литри што е сосема доволно за еден мал
автомобил. Оние пак што ќе поскаат да превезуваат подолги предмети на
располагање им стои потпирачот на совозачкото седиште кој се спушта кон напред.
Техничките податоци кои ги наведуваат од VW велат
дека електромоторот на E-Up! остварува краткотрајна максимална моќност од 60 КС потребна во
исклучителни ситуации, додека долготрајната моќност изнесува номинални 55 КС.
Електромоторот нуди максимален вртежен момент од 210 Nm.
Поставен е напред и ги задвижува предните тркала. E-Up! нуди
забрзување до 100 km/h за 11,3 секудни, но многу поважно е забрзувањето до 50 km/h за
само 3,5 секунди кое му дава очигледна предност во градски услови.
Стрелката на брзиномерот на E-Up! застанува кога автомобилот ќе достигне максимални 135 km/h и има
автономија од 130 km.
Вредности кои воопшто не се лоши за еден електромобил со
тежина од 1.085 kg од кои 240 kg отпаѓаат на литиум-јонските батерии интегрирани во подот.
За достигнување на максималниот капаците на батериите
потребно е E-Up! да биде приклучен на стандардна електрична мрежа 5 часа со кабел кој се
приклучува на приклучок поставен под беџот на VW.
Поради релативно ограничениот радиус на движење во однос
на класичните автомобили E-Up! е опремен со систем HMI
Human Machine Interfejs кој постојано ја надгледува наполнетоста на батериите и
растојанието до следната станица за полнење. Параметрите ги прикажува на touch-screen дисплеј и овозможува возачот да го планира патот со прецизност од помалку
од една минута.
Интересен концепт кој според зборовите на шефот на VW, Мартин
Винтеркорн сигурно влегува во сериско производство пред се како автомобил наменет
за движење во градски средини.
Винтеркорн објаснува дека во моментот автомобилите со
мотори со внатрешно согорување, според своите карактеристики и цена на
производство се непобедливи.
Па така додека производствената цена на еден електромобил
како E-Up! не ја достигне производствената цена на едно Polo концептот
ќе си остане концепт.
Или ако сакаме точен датум кога E-Up!
влегува во серија ќе почекаме некаде до 2020 заклучува Винтеркорн.
|