Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volkswagen XL1 ќе се прави сериски
08.11.2011

Volkswagen работи на подготвување на концептот XL1 за сериско производство кое ќе стартува во 2013 година по што на пазарот ќе се појави најекономичниот сериски автомобил на светот.

volkswagen-xl1-1-2011-1

Информацијата доаѓа директно од големиот шеф на Volkswagen, Мартин Винтеркорн кој најавува дека развојот на автомобилот оди доста брзо заради што верува дека сериското производство ќе стартува на време.

Планот е Volkswagen XL1 да се произведува во фабриката на компанијата во Дрезден, а како втора опција се разлгедува фабриката во Волфсбург. XL1 беше најавен во Катар годинава како автомобил кој нуди две места за седење.

Движечката сила е plug-in хибриден систем составен од TDI мотор со два цилиндри кој испорачува 48 КС и е спарен со електричниот мотор E-motor со 27 КС кој се напојува од литиум-јонски батерии.

Менувачот е DSG со две спојки и седум степени на пренос и со својот економичен модус на работа успева да извлече максимум од погонската спрега за минимална потрошувачка од 0,9 l/100 km и емисија на СО2 од 24 g/km.

Двоседот може да вози само на електрична енергија на растојанија до 35 километри и притоа да има нулта емисија на издувни гасови бидејќи во тој случај турбо дизелот мирува.

Телото е монокок од карбон фибер, вратите се отвораат како крила за полесно влегување и излегување во тесен градски простор. Винтеркорн сеуште не открива, но се очекува лимитирана серија, а не сериско производство со полна пареа.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook