Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo бара донатор на платформа
25.01.2012

Шведскиот производител на автомобили, Volvo, којшто работи под капата на кинескиот гигант Geely смета дека е дојдено вистинско време за на пазарот да се испрати наследник на C30.

volvo-c30-1-2012-1

Меѓутоа неговото создавање нема да оди лесно со оглед на висината на трошоците кои се потребни за да се развие нова платформа, бидејќи онаа што го носи новиот S60 и комбито V60 е преголема.

Затоа Volvo бара партнер за да ги намали трошоците за развој, но доколку се најде и веќе готова платформа шведските инженери нема да свртата глава од неа туку само ќе ја подобрат како што е случајот со актуелниот С30.

Тој е поставен на истата платформа на која почиваше и претходната генерација на Ford Focus, односно платформата Ford C1 или Volvo P1 која е скроена за погон напред или погон на четири тркала.

Секако оваа платформа треба да замине во пензија смета шефот на Volvo, Стефан Јакоби, но нов компакт марката мора да има бидејќи само преку него продажбите можат да се зголемат неколкукратно.

Каков ќе биде исходот од агендата на Volvo останува да видиме, но вреди да се забележи дека швеѓаните минатата година продадоа 450.000 автомобили и забележаа раст од 20% во однос на 2010 година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook