|
09.04.2008 |
На своите пребирливи купувачи кои се жртви на модата и
сакаат да бидат во тренд, шведскиот производител Volvo, за својот
С30 им нуди уникатни дизајнерски украси.
Станува збор за специјална фолија со чија помош С30 може
да се добие 20. различни дезени на каросеријата. Така на секој купувач на С30
кој сака да биде уникатен му се исполнува желбата.
Дезените можат да бидат како крзно од зебра, виножито,
имитација на дрво или пак некој графит. Сето ова е пресликано на фолија која е
на широко позната и во изобилство ја користат рекламните агенции за оличување
на градските автобуси, автомобили на компнаии и слично.
Фолијата е лесна за печатење и поставување, а во Volvo велат дека
покрај украсниот елемент постои и практичниот бидејќи таа го штити лакот на
автомобилот од гребанизи и од корозија. Трајноста на фолијата е две години.
Секако по истекување на овој период од Volvo
препорачуваат комплетно одстранување, а по желба поставување на нова.
Задоволството да се биде уникатен не е евтино и чини малку над 1.500 евра, а
порачката се прави кај дилерите на Volvo.
|