Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo го обновува С30
10.12.2009

Шведскиот производител, за кого се бара стопан, одлучи да го модернизира С30 освежувајќи го со тоа што му го поклонува ликот изведен од XC60 и од скоро претставениот S60.

volvo-c30-1

Најголемите дизајнерски измени се направен во предниот дел на С30 каде се забележуваат новите светла, предна маска и браникот со имитација на решетка во аглите каде се сместени светлата за магла. Всушност од напред С30 најмногу наликува на новиот С70.

Измените од страна не се забележуваат, единствено ако им се верува на дизајнерите сменет е обликот на црната заштитна пластика на арките на тркалата и праговите.

Одзади се си сотанува по старо. Спојлерот на кровот, браникот и светлата се неизменети. Единствено за истакнување на спортскиот изглед допринесува новиот кит од алуминиумски додатоци на праговите и предниот и задниот браник.

Поголеми измени нема ниту во кабината. Дизајнерите истакнуваат дека се вметнати нови бои и дека е подобрен и онака високиот квалитет на материјалите. Големи новини нема ниту во поглед на функционалноста.

Што се однесува до безбедноста, сега С30 е опремен со сите активни и пасивни безбедносни системи како и поголемите S40 и V40, а ги носи и истите карактеристики на подвозјето и управувањето иако во основа се работи за иста платформа.

Доста работа е завршено под ламарината. С30 сеуште го задвижуваат бензинците 1.6 со 100 КС, 1.8 со 125 КС, 2.0 со 145 КС, 2.4 со 170 КС и турбото Т5 со 230 КС. Дизелите ги застапуваат 1.6D со 110 КС, 2.0D со 136 КС и најмоќниот D5 со 180 КС. На располагање е и верзијата 1.8 Flexfuel со 125 КС.

Најголем напредок е направен во еколошката верзија на С30, DRIVe која доаѓа со 1.6 литарскиот турбо дизел од 110 КС. Оваа верзија нуди аеродинамичен кит за каросеријата со посебни леснометални бандажи и понизок клиренс за 10 mm.

DRIVe е опремена со индикатор за навремено менување на степените на пренос за поштедлив стил на возење и систем Старт/Стоп, кој и немора да биде вграден доколку купувачот не го сака.

Направените подобрувања му овозможуваат на С30 1.6 DRIVe да ја смали емисијата на штетниот јаглероден диоксид на 104 g/km и да оствари просечна потрошувачка од 3,9 L/100 km.

Голем напредок е направен во опремувањето. Сега и основниот модел има леснометални бандажи од 16 инчи место досегашниот од 15 инчи, двозонски клима уред, кожен волан, рачка од менувач и рачна сопирачка, патен компјутер кој нуди повеќе информации и друго.

Покрај направените модификации и подобрувања највеќе радува што С30 сега е поевтин. Во Volvo ги спуштиле цените и сега за основниот модел се бараат околу 800 евра помалку отколку за претходникот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook